more...
Traveling to this event?
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up!

ПРЕДМЕТ:

Државно првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно

Карате федерацијата на Македонија, согласно усвоениот Календар за натпревари во 2021 година, на 06-07.11.2021 година (сабота и недела) ќе организира

Државно првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно

Место на одржување: Спортска сала ,,ПАРТИЗАН‘‘, ул. 7-ми септември б.б. Кавадарци.   

Пропозиции и категории: Дадени во Прилог

Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 31.10.2021 год. (недела) на еден од следните начини:

Клубовите по приемот на ова известување по е-маил должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk, zoran.dervisov@gmail.com и boshko.ristoski@gmail.com.

Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ!

Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 02.11.2021 година, после што ќе се смета дека пријавите се конечни.

Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 04.11.2021 година.

За Државното првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно, ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година.

Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија.

За секоја промена на пријавата (промена на категорија) ќе се наплатува казна во висина од 700 денари.

Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона.

Право на настап ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2020 год. и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон.

Котизацијата во износ од 600 МКД по пријавен натпреварувач и 900 МКД по пријавена екипа треба да се уплати на жиро сметка на КФМ најдоцна до 04.11.2021 година.

Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон.

Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта, кој ќе биде утврден по креирањето на саатницата за натпреварот. Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи.

Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема.

Забелешка:

Натпреварот ќе се одржи во целост со почитување на ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА КАРАТЕ КЛУБОВИТЕ ПРИ СИСТЕМОТ НА КФМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД COVID-19, одобрен од Комисијата за инфективни болести, кој Ви го доставуваме во прилог.

 

 

Со почит,                                                                                                   

 

Натпреварувачка комисија

 

__________________________

 

Зоран Дервишов

 

П Р О П О З И Ц И И   И   К А Т Е Г О Р И И

 

Државно првенство за деца од 10-13 години – категории

Категории во ката:

Возраст

Ката индивидуално

Ката екипно

Машки

Женски

Машки

Женски

Деца

10 години

10 години

10-11 години

10-11 години

11 години

11 години

12 години

12 години

12-13 години

12-13 години

13 години

13 години

  • 10 години – родени во периодот 01.01.2011-31.12.2011 година
  • 11 години – родени во периодот 01.01.2010-31.12.2010 година
  • 12 години – родени во периодот 01.01.2009-31.12.2009 година
  • 13 години – родени во периодот 01.01.2008-31.12.2008 година

Пропозиции:

  • Натпреварите во кати се изведуваат по систем на елиминација со репасажи.
  • Натпреварувачите изведуваат кати од официјалната листа за кати, дадена во „Правила за кумите и ката“, Ревизија 9.0, во важност од 01.01.2015.
  • Дозволени се мали варијации согласно карате стилот (ryu-ha) на натпреварувачот.
  • Пред настапот, записничката маса ќе биде известена за изборот на катата.
  • Натпреварувачите треба да изведат различна ката во секој круг. Веќе изведена ката не смее да се повтори.

Категории во кумите:

Деца – Кумите индивидуално машки

Деца – Кумите индивидуално женски

10 години

11 години

12 години

13 години

10 години

11 години

12 години

13 години

-30 кг

-35 кг

-37 кг

-40 кг

-30 кг

-32 кг

-35 кг

-39 кг

-35 кг

-40 кг

-42 кг

-45 кг

-34 кг

-36 кг

-40 кг

-44 кг

-40 кг

-45 кг

-47 кг

-50 кг

-37 кг

-40 кг

-45 кг

-49 кг

-45 кг

-50 кг

-52 кг

-55 кг

-40 кг

-44 кг

-50 кг

-54 кг

+45 кг

+50 кг

+52 кг

+55 кг

+40 кг

+44 кг

+50 кг

+54 кг

  • 10 години – родени во периодот 01.01.2011-06.11.2011 година
  • 11 години – родени во периодот 01.01.2010-31.12.2010 година
  • 12 години – родени во периодот 01.01.2009-31.12.2009 година
  • 13 години – родени во периодот 01.01.2008-31.12.2008 година

Пропозиции:

  • Борбите за сите категории траат 1.5 минути.
Date

2021.11.06 - 2021.11.07

Entry deadline

2021.10.25 - 2021.11.03
Registration expired

Registration mode

Same year (2021)

Time Zone

Europe/Skopje (2024-05-23 23:20)

Country

 NORTH MACEDONIA

Location

Кавадарци - Спортска сала Партизан

Downloads / Gallery
Type

Tournament

E-Payment

Entries: For this event no entry permission is required.

Flights

Find your FLIGHT

euroflyrefund.com
WKF Store
WKF Accredited Coach Course
Video Review
Advertisement
              
Privacy statement | GTC |  Imprint

SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2024 (2024-05-23 23:20:23 CEST +02:00)
WKF (World Karate Federation) APPROVED SOFTWARE