|
2021-10-24 [22:38:15] |
New Event: ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА ДЕЦА 2021 (MKD) |
|
more... |
Traveling to this event? |
---|
Compare every available hotel deals right here, and book now before prices go up! |
|
Карате федерацијата на Македонија, согласно усвоениот Календар за натпревари во 2021 година, на 06-07.11.2021 година (сабота и недела) ќе организира Државно првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно Место на одржување: Спортска сала ,,ПАРТИЗАН‘‘, ул. 7-ми септември б.б. Кавадарци. Пропозиции и категории: Дадени во Прилог Поднесување на пријавите најдоцна до 24.00 часот на ден 31.10.2021 год. (недела) на еден од следните начини:
Клубовите по приемот на ова известување по е-маил должни се повратно да потврдат дека го примиле ова известување на Е-маиловите: contact@kfm.com.mk, zoran.dervisov@gmail.com и boshko.ristoski@gmail.com. Доцнењето ќе се санкционира според одредбите од дисциплинскиот правилник на КФМ! Податоците внесени во компјутерскиот програм за ждребање ќе бидат објавени и достапни на истиот линк на Sport Data на кој ќе се врши и пријавувањето од страна на клубовите. Корекција на евентуално погрешно внесените податоци може да се врши најдоцна до 02.11.2021 година, после што ќе се смета дека пријавите се конечни. Натпреварите ќе се одржат според саатница која ќе биде дефинирана по приемот на пријавите и доставена до клубовите учесници најдоцна до 04.11.2021 година. За Државното првенство за деца од 10-13 години во борби, кати и кати екипно, ждребањето ќе биде полудиригирано со два или 4 носители одредени врз база на постигнати резултати на официјалните државни првенства во изминатите две години и меѓународни првенства во минатиот период од една година. Секој клуб има право да пријави само по една екипа во одредена категорија. За секоја промена на пријавата (промена на категорија) ќе се наплатува казна во висина од 700 денари. Сите клубови се должни да носат црвени и сини појаси, ракавици, штитници за тело, штитници за нозе, папучи и забала за своите натпреварувачи. Заштитната маска за лице е опциона. Право на настап ќе имаат само клубови со уплатена годишна чланарина за 2020 год. и регистрирани натпреварувачи и тренери, како и важечки лекарски преглед за натпреварувачите не постар од 6 месеци и заведен во натпреварувачкиот картон. Котизацијата во износ од 600 МКД по пријавен натпреварувач и 900 МКД по пријавена екипа треба да се уплати на жиро сметка на КФМ најдоцна до 04.11.2021 година. Натпреварувачите задолжително со себе да го понесат натпреварувачкиот картон. Секој клуб има право на повеќе тренери. Максималниот број на тренери по клуб не смее да биде поголем од бројот на борилишта, кој ќе биде утврден по креирањето на саатницата за натпреварот. Доколку бројот на пријавени натпреварувачи од клуб е помал од бројот на борилишта на натпреварот, максималниот број на тренери не смее да биде поголем од бројот на пријавени натпреварувачи. Сите тренери задолжително со себе да го понесат тренерскиот картон издаден од КФМ кој треба да биде на предниот дел на градите. Тренерите на екипата мора да бидат во спортска опрема. Забелешка: Натпреварот ќе се одржи во целост со почитување на ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА КАРАТЕ КЛУБОВИТЕ ПРИ СИСТЕМОТ НА КФМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД COVID-19, одобрен од Комисијата за инфективни болести, кој Ви го доставуваме во прилог.
Со почит,
П Р О П О З И Ц И И И К А Т Е Г О Р И И
Категории во ката:
Пропозиции:
Категории во кумите:
Пропозиции:
|
Privacy statement | GTC | Imprint |
SET Online by sportdata.org © sportdata GmbH & Co KG 2001 - 2024 (2024-11-01 00:04:52 CET +01:00) |